Димов: Опозицијата да им објасни на велешани зошто не гласаше за програмата за градежно земјиште

Објавено на 18 ноември, 2013 во 18:49

Општината и во 2014-та планира рамномерен развој со проекти кои ќе се реализираат во централното градско подрачје на периферијата во градот и во повеќе населени места. Програмата за уредување на градежно земјиште содржи значајни проекти кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Така новиот сообраќаен режим и кружен тек , изградба на инфраструктура во индустриските зони и Сателитската населба на езеро „Младост“, изградба на простори за паркирање, продолжувањето на проектот за водоснабдување на Башино село, Речани, Отовица и езеро „Младост“ како и поврзувањето со градската водоводна мрежа се најзначајните проекти во програмата за в година. За нивна реализација општината ќе потроши 21 милион и 650 илјади денари.

Според советникот на ВМРО ДПМНЕ, Анѓел Димов исто така проектите за осветлување се од големо значење.

– Реализација на Проектот за земена на постојните со економични светилки  кој чини  23.280.373 денари, согласно договорот со Светска банка, како и поставувањето на  улично осветлување во Населба Хабитат, Индустриска зона Речани 2, Индустриска зона УЗУС , на потегот од Брако до ЌироЌучук и во Градскиот парк со што ќе се осветли и новоизградениот пешачки надвозник на Битолска пруга, рече Димов.

В година општината планира со инвестиција од еден милион и 500 илјади денари да гради водоводна линија на улицата Тодор Јанев и да ја дозаврши во Индустриската зона Речани 2. За набавка на нова урбана опрема се планирани 2.900.000 денари а за изградба на канализациони мрежи уште 5 .000.000 денари. Со 32.100.000 денари ќе се градат и реконструираат улици.

Со финансиска помош на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе се градат улици и канализации, ќе се поставува урбана опрема и осветлување во селата Иванковци и Раштани  и на езеро „Младост“.

Советникот Димов ја прозва советничката група на СДСМ затоа што, на последната седница на Советот на општината, не гласала за програмата за уредување на градежно земјиште.

– Овие прашања господа од СДСМ, ќе мора да ги образложите, не толку нас, колку на граѓаните кои ви јадале до вербата, зашто вашето гласање против е глас против здрава и чиста вода за пиење, против асвалтирани улици, против здрава урбана опрема, против осветлени улици, против кружни текови за безбедност во сообраќајот, против се она што е во корист на граѓаните на Општина Велес, рече Димов.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.