Каде и зошто затајува градежната инспекција во Велес?

Објавено на 18 ноември, 2013 во 09:15

Илија Босилков дванаесет години е сопственик на стоковната куќа „Бос“ која се наоѓа на главната улица „Благој Ѓорев“ во Велес, но исто толку време мака мачи со диво поставените киосци пред вратата на неговиот објект.

– Доаѓаат луѓе од други градови да пазаруваат во мојот трговски и се чудат како може влезот да ми го узурпираат нелегално поставени киосци. Дојдоа и инвеститори од хрватската компанија „Вартекс“, кои имаа намера да го купат објектот, но се откажаа бидејќи околината не соодветствувала на нивните стандарди, се жали Босилков. Тој за самоволието на неговите сограѓани одамна ја известил општината иако не е тешко да се забележи бидејќи е на фрекфентно место.

Но, ова не е единствената локација каде, преку ноќ на градска површина се поставени вакви киосци. Ги има на повеќе локации низ градот, на влезот, на почетокот на мостот Гемиџии, на автобуската станица и во строгиот центар. Таков проблем имаат и станарите од зградата на ул.Благој Ѓорев“ 87, под чии прозорци во ноќните часови и за време на викендите беше изградена подлога по што беше поставен киоск наменет за сендвичара. Уште при изградбата куќниот совет алармираше кај градежниот инспектор, но активностите не престанаа.

„Оџакот од скарата е свртен кон нашите прозорци и не ми е јасно како ние ќе живееме секојдневно со мирис на скара. Какво е ова однесување и каква порака испраќа локалната власт со толерирањето на дивоградбите. Градежниот инспектор дојде доцна, состави записник, даде рок за отстранување на бараката и толку. Рокот помина, а никој ништо не презема“, велат од куќниот совет.

Велешани се сведоци дека за време на ноќта се ископа речиси цел брег од земја за да се создадат скалила и влез за неколку идни дуќани кои беа подземни гаражи на станбени згради. За узурпацијата на просторот и сечењето на околните дрвца, соседството се пожали до локалната власт, но и покрај тоа, градењето не се стопираше. Излозите веќе ја очекуваат стоката која ќе се продава во новоизградените диви бутици.

И покрај обидите ниту еден сопственик на нелегален објект не сака да говори јавно за неговото самоволие.

Од друга страна пак ним им се лути речиси сите засегнати граѓани и формирале иницијативен одбор кој за сега брои повеќе од сто велешани. Едногласни се дека градежниот инспектор е недостапен за нив, па преку писмо бараат итна средба со градоначалникот.

„Бараме да се произнесете која е визијата на општината за незаконски изградените објекти или поставени бараки и гаражи. Дали се согласувате со се погласните шпекулации дека нема ни закон, ни сила кои можат да го стопираат ширењето на дивата градба и зошто не барате одговорност од градежниот инспекторатот за кој сметаме дека е главниот виновник за ситуацијата“, пишува во дописот до градоначалникот.

Од инспекторатот преку соопштение велат дека обвинувањата ги сфаќаат како лична навреда, а преку нив се нанесува штета и на Општина Велес.

Поради досегашните неуспеси пак во борбата за правда Илија Босилков не е оптимист дека нешто ќе се промени. Тој веќе ги чувствува последиците во работењето но и покрај се вели дека ќе биде упорен во неговите обиди да се промени ситуацијата.

Дива населба е изградена во еколошки заштитената Бабуна!

Негрижа, беззаконие, уништување на природното богатсво. Ова се коментарите на екологистите после се позачестеното узурпирање на еколошки чистата околина по крајбрежјето на долниот тек на реката Бабуна близу Велес. Разочарани се од односот и на граѓаните и на локалните власти и се чудат на контрадикторноста оти од една страна општината го прогласи регионот за еколошки заштитено подрачје, а од друга дозволува негово уништување.

– Во кањонот на реката живееше белоглавиот орел, птица која и да ја нема на друго место на Балканот, но повеќе ја нема ни таму. Не ретко бевме сведоци и на присуство на ретки видови мршојадци и штркови како и ендемски растенија кои сега се во исчезнување. За да го заживееме локалитетот како туристичка атракција пред повеќе години реализиравме проект преку кој, на раце донесовме железен мост за да ги поврзува двата брега, патокази со автентичен изглед, како и слики на реткостите кои ги има таму. Луѓето кои веќе живеат таму ги уништија оти мислеа дека целта ни е да ги избркаме, рече д-р Ненад Коциќ, претседател на ЕД „Вила Зора“.

Бабуна е едно од ретките места каде велешани често се рекреираат и ги минат жешките летни денови таму. Лути се и рекреативците, кои не ретко ја користат реката за риболов, но и околината за спортување.

– Узурпиран е и патот и ливадите, а куќи има веднаш до водата. Како може ние да доаѓаме на кусо време, да кампуваме и да заминуваме, а тие не. Мислам дека се што е тука треба да се урне ама тоа е работа на општината, вели кампер.

Сопствениците на куќи веќе поднеле барање за легализација искористувајќи ги поволностите кои ги нуди законот за легализација за едно евро по метар квадратен. Очекуваат дека општината ќе има разбирање за нив.

– Па се зависи од градоначалникот и од општинската власт, нивно е д одлучат по нашите барања кои веќе ги доставивме до општината, а извршени се и мерења. Јас мислам дека и градот ќе има корист од тоа да си ги платиме давачките и да си ги легализираме куќите. Јавна тајна е дека тука има куќи и на судии и на полицајци, сигурно тие го познаваат законот повеќе од нас, рече сопственик на една од куќите.

Инаку во карпите на кањонот Бабуна се наоѓаат педесетина пештери стари и до десет илјади години, а во нив се изградени пет цркви кои изобилуваат со христијански фрескоживописи од 14 век. Истражувачите претпоставуваат дека тука се водел богат монашки живот и нивна препорака беше ова да се искористи во создавањето туристички локалитет.

Екологистите пак веќе имаат предлог до државата регионот околу Мокра Планина да биде прогласен за национален парк, а во негови рамки да влезе и овој локалитет. Ова е за нив идеално решение со кое сопствениците на сите диво изградени објекти ќе мора да го вратат просторот во првобитната положба бидејќи не е дозволено во нацинален парк да живеат луѓе.

Точната бројка на изградени куќи на овој локалитет никој не ја знае бидејќи нема ниту една дозвола за градба, но се шпекулира со бројка од над педесет објекти од кои најголем дел се користат како викендички, но има и такви кои служат за постојан престој на сопствениците.

Многу барања за легализација, ниту една интервенција за уривање на дивоградба!

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) во еден од своите извештаи за работата на локалната власт преку статистички податоци меѓу другото ја анлизира и работата на градежната инспекција. Според истражувањето соодносот помеѓу реализираните решенија за уривање бесправно изградени објекти и бројот на донесени решенија за уривање покажува како општината  се справуваат со бесправно изградените објекти. Вредноста на индикаторот за 2011 година за Велес е 0. Според тоа, може да се заклучи дека општината, иако донела 10 решенија за уривање, ниту едно од тие решенија не го реализирала, пишува во извештајот.

Од општината пак велат дека во 2011 и 2012 година има вкупно 23 решенија за уривање, но постапката е стопирана поради законот за легализација, а сега може да се постапува по оние барања кои не се спорни. Од друга страна во овие две години пристигнале 7 800 барања за легализација по законот кој дозволува тоа да се случи за едно евро по метар квадратен, а легализирани се 1 250. Инаку одделението за инфраструктура брои седум вработени од кои двајца градежни инжињери се нововработени, а во план е вработување на уште еден човек, заради доекипирање на тимот.

Градоначалникот Чадиев: Сите проблеми со дивоградбите ги наследив од моите претходници, но ќе се обидам да ги решам!

Сериозен е проблемот со дивоградбите на Бабуна, но и низ градот, признава градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев. Вели дека состојбата ја наследил од неговите претходници, а проблемите се трупале повеќе од дваесет години, но дека веќе започнал со нивно решавање. На прашањето зошто општината го дозволила ова, одговара дека тоа е генерален проблем кој го имаат речиси сите локални самоуправи.

– Можеби неповолната економска состојба и неекипираноста на единиците на локалната самоуправа се двата фактори кои довеле до ова. Но сепак ако ние се стремиме за да влеземе во европското семејство тогаш ќе мора да ги спроведуваме законите кои се ригорозни и јасно пропишуваат што може а што не може да се легализира, вели Чадиев.

Според него инспекторите се немоќни во еден чекор да ја стопираат изградбата на дивоградбите.

– За жал инспекцијата излева на терен и констатира каква е состојбата, но немаме надлежност да ги спречиме сопствениците што во моментот градат без дозвола. Можеме да побараме полициска интервенција, но додека  сме таму, по заминување тие продолжуваат со изградбата бидејќи се подучени од минатото кога се завршувало со интервенцијата и никој не ја продолжувал постапката, вели Чадиев.

Ветува дека оваа пракса ќе се промени во иднина, а секој кој узурпирал градежно земјиште ќе го стигне законот.

– Општината веќе ангажираше фирма која е задолжена да ги отстрани времените објекти низ градот, бидејќи иако ги предупредивме нивните сопственици не го сторија тоа. Онаму каде без дозвола се ископа државната земја за од гаражи да се создадат дуќани веќе водиме судски постапки, а предност е што со новите измени на законот и ние можеме да поднесеме кривична пријава. Тие ќе мора да ја вратат околината во првобитната состојба, но и да платат оштета. За локалитетот Бабуна ќе биде тешко. Најпрво на удар за уривање ќе бидат куќите кои се најблиску до реката бидејќи тие се опасни и за луѓето кои живеат таму кога ќе надојде водата. За останатите се уште немаме конкретно решение, но јас сум дециден дека тие нема да се легализираат, вели градоначалникот.

Тој ветува поубава слика на градот бидејќи како што вели токму тоа е целта на општинската администрација. Според него тие создаваат само грда слика, а општината не инкасира од нивното постоење ниту денар.

Билјана Николовска

Истражувањето е поддржано од CIN SKUP Makedonija во рамките на проектот „Подигнување на јавната свест за корупцијата преку истражувачко известување“.

 

 

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด