Гимназијалките со пилатес на светскиот ден на средношколците
Влегоа во училишната спортска сала, ги земаа топките, ги послаа простирките и почнаа да вежбаат пилатес. Гимназијалките вака одлучија да го одбележат нивниот средношколски ден. Повеќето од нив не беа првпат на пилатес бидејќи како што рекоа ипретходно вежбале на часот по физичка култура но и како вон школска активност.
– Ова е одлична можност како за спортување така и за дружење. Часот по физичка култура го подразбирам како начин за развивање на здрав дух во здраво тело, рече Кате Игнова. Таа е ученичка во четврта година.
Составен дел на наставниот час беше е музичката поддршка која на учениците им беше пуштена преку озвучување. Нивниот професор Иле Попов рече дека на ист начин биле организирани и претходно одржаните часови. Музиката помага за опуштање, неа ја сакаат учениците а тоа мора да го почитува професорот. Попов вели дека ги разбира потребите на своите ученици бидејќи и тој е релативно млад.
– Ова е јавен час со порака дека поборо е учениците да го изберат спортот наспроти пороците. Јас се определив прво да им бидам другар на учениците а потоа нивни професор и педагог. Тоа засега одлично функционира. Ги разбирам што им треба, за нивната потреба ние разговараме и надвор од часот и училиштето. Ја имам почитта од нив и јас ги почитувам нив и нивните барања, рече Попов.
Тој вели дека релацијата професор – ученик засега добро функционира.И учениците ветија дека така ќе продолжат понатаму бидејќи сметаат дека ги имаат сите информации за штетноста од пороците како што се алкохолот, цигарите и дрогата./Б.Н