Продолжуваат препукувањата меѓу власта и опозицијата на тема програма и буџет
Опозицијата не треба да биде само критизер на власта туку конструктивен и одговорен учесник во политичкото живеење.
И по десет дена не собраа храброст и не и одговорија на јавноста зошто не ги поддржаа програмите за работа на општината во 2014-та. Продолжуваат препукувањата меѓу власта и опозицијата на тема, програма, буџет и амандмани.
„Зошто СДСМ е против изградба на нова индустриска зона во Караслари, против уредување на двата кружни тека во градот, против реконструкција на улциите Белградска, Саревска, 8 март и други, против водснабудвањето на Речани, Езеро Младост, Сливник? СДСМ треба да одговори која е причината што не поддржува донесување и измена на 30-тина урбанистички планови кои предвидуваат обејкти за мало-стопанство и објекти за домување?, рече Петре Саздов, ВМРО-ДПМНЕ.
Советниците од власта ги потсетуваат своите колеги дека доколку прифателе седум амандмани, стафката за бетонирање на улици ќе отидеше во минус два милиона денари, па затоа предложените амандмани на опозицијата биле манипулативни и беспредметни.
„. Конструктивното политичко однесување подразбира понуда на сериозни и издржани решенија, а не трикови со цел собирање на партиски поени. Да се биде дел од советот на една општина значи да се биде креатор на политика за прогрес на општината, а и за доброто на сите кои живеат во неа, рече Саздов.
Затоа советниците од власта побараа колегите од опозицијата да престанат да манипулираат и да им се извинат на граѓаните./Б.Н