Рибокрадци поставиле седум мрежи долги 200 метри на велешко „Младост“

Објавено на 21 мај, 2014 во 09:22

Мрежите и струковите биле поставени во водата на езерото од страната на Отовичка река. Рибокрадците се обиделе да уловат поголема количина на риба. Не успеале бидејќи ги открила  рибочуварската служба на спортско риболовното дрштво „Бабуна“ која секоја вечер врши контрола на езерото и реките во велешкиот ривир.

„Ова е прв обид, годинава, на рибокрадство на езеро „Младост“. Мрежите и струковите што синоќа беа поставени на потегот од Отовичка река до крајот на езерскиот брег во правец на Велес говорат за тоа дека несовесни граѓани се обиделе да уловат поголема количина на крап, сом, амур и смуѓ. Тоа е недозволиво. Спортско риболовните реквизити, осбено струковите кои изгледаат како чингели се опасни и за луѓето, “ рече секретарот на СРД „Бабуна“ Томе Илиевски.

По синоќешната успешна контрола денеска мрежите се наоѓаат во просториите на спортско риболовното друштво во Велес. Од таму упатија апел до граѓаните да покажат поголема совесност и рибниот фонд во езерото да го користат за спортски риболов а не за трговија од која ќе заработуваат.

„Убава е глетката на езерото кога спортските риболовци ловат на брегот или со чамци на површината на водата. Но недозволиво е фрлањето на мрежи и поставување струкови. Казните се ригорозни и затоа ги предупредувам рибокрадците дека ќе се соочат со законот,“ рече Илиевски.

Годинава, во првите четири ипол месеци, во велешкиот ривир ова е прво откриено рибокрадство додека на вливот на Црна река во Вардар и по должината на најголемата македонска река откриени биле десеттина рибокрадста. Во два случаи против рибокрадците се поднесени прекршочни пријави во велешкиот суд./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.