Велес постави рекорд: 183 дарувани крвни единици на крводарителска акција
Објавено: 8 април, 2025, во 11:25 часот
Рекордни 183 крвни единици беа донира во неколку часа на крводарителската акција којашто ја организираа вешелкиот Црвен крст заедно со Мото клубот „Носачи на крстот“ и институтот за трансфузиона медицина. Граѓаните подавајќи ја својата рака и дарувајќи крв со цел да спасат повеќе човечки животи ја потврдија солидарноста и човечноста кои се темелни вредности во заедницата.
Од големо значење е и учеството на десет волонтери од Клубот на млади, кои помогнаа во реализацијата на целата активност.

Црвен крст и организаторите изразија голема благодарност до сите крводарители за нивната хуманост и солидарност, како и до велешкиот театар „Џинот“ во чии простории се одржа крводарителската акција.

Овој значаен настан потврдува дека солидарноста и волонтеризмот продолжуваат да бидат основни столбови на заедницата.
Стефани Манева


