Велешанец ѝ се заканувал на сопругата со дрвен предмет, свекрва и снаа се нападнале и меѓусебно се пријавиле

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, на 12 октомври во два различни случаи привеле велешани за семејни расправии.
Првиот случај бил пријавен во 15:50 часот по што бил лишен од слобода 52 годишен маж од Велес кој претходно во семејниот дом се заканувал на својата 46 годишна сопруга и се обидел да ја нападне со дрвен предмет. Како што пишува во дневниот билтен на СВР Велес, тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот ден, еден и пол час подоцна, поточно во 17:25 часот, 34 годишна велешанка пријавила дека во семејниот дом по кратка расправија била физички нападната од нејзината 59 годишна свекрва.
-Исто така, во 19:00 часот во СВР Велес, и 59-годишната велешанка пријавила дека
нејзината 34-годишна снаа и се заканувала дека физички ќе ја нападне. По документирање
на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Дума.мк


