Велешанец физички го нападнал својот малолетен внук
Објавено на 27 јуни, 2022 во 10:28
Дваесет и девет годишна жена од Велес, вчера, во 22:40 часот во Сектор за внатрешни работи Велес пријавила дека два и пол часа претходно во семејната куќа нејзиниот татко физички го нападнал нејзиниот малолетен син.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Стефани Манева