Велешанец физички нападнал повозрасен сограѓанин
Објавено на 1 септември, 2022 во 14:11

Четириесет и четири годишниот Н.Р од Велес по расправија физички го нападнал седумдесет и две годишниот велешанец Б.А. Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес во текот на вчерашниот ден, 31 август, го лишеле од слобода Н.Р.
Како што соопшти Ристе Самарџиев портпаролот на СВР Велес, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева
