Велешанец физички нападнат од три лица

Објавено на 8 ноември, 2021 во 11:43

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, 7 ноември, во 01:25 часот било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес по кратка расправија осумнаесет годишниот И.М од Велес бил физички нападнат од дваесет и четири годишниот И.Т, една година постариот П.С и уште едно лице, сите од Велес.

– Се работи на расчистување на случајот, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во СВР Велес триесет и четири годишниот Д.З од Велес пријавил дека на улица „Нада Бутникошарева“ во Велес бил каснат од бездомно куче. Исто така, триесет и три годишната В.Ј пријавила дека на улица „Љубљанска“ нејзината малолетна ќерка била касната од бездомно куче.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.