Велешанец физички нападнал двајца полицајци

Објавено на 28 февруари, 2022 во 12:54

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, 27 февруари, го лишиле од слобода дваесет и едно годишниот Б.Д од Велес бидејќи физички нападнал полициски службеници коишто извршувале службени дејствија и се обидел да избега.

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Ристе Самарџиев, портпаролот на СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.