Велешанец го пријавил својот сосед кој кршел предмети по улица
Објавено на 1 август, 2024 во 10:50

Четириесет и осум годишниот Р.Ш вчера, во 18:20 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Тој во полициска станица бил пријавен од страна на сосед кој објаснил дека Р.Ш го нарушил јавниот ред и мир со кршење на предмети по улица и дека агресивно се однесувал кон него.
Од СВР Велес додаваат дека Р.Ш бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк
