Велешанец измамен за 36.000 денари при изнајмување стан преку социјална мрежа

Објавено на 10 октомври, 2025 во 15:07

Дваесет и две годишен велешанец бил измамен од едно лица за сума од 36.000 денари. Тој во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, пријавил дека со цел да изнајми стан во Велес, преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето Н.П.

-Откако телефонски исконтактирале и се договориле, парите за закуп ги уплатил на банкарска сметка. Како што е пријавено, после тоа лицето било недостапно за контакт и сфатил дека бил измамен, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.