Велешанец крадел од угостителски објект, приведен во полиција

Објавено на 19 септември, 2022 во 11:52

Со помош на подесен алат дваесет и шест годишниот А.К од Велес, вчера, еден час пред полноќ влегол во угостителски објект и украл неколку предмети.

При обид да избега, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, 40 минути подоцна, го спречиле и го привеле во полициска станица Велес.

Министерство за внатрешни работи информира дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.