Велешанец се степал со обезбедување на објект па се однесувал агресивно кон полицајци

Објавено на 18 април, 2023 во 11:56

Триесет и девет годишниот Д.К од Велес, во неделата, на 16 април, еден час и четириесет и пет минути по полноќ, бил приведен од страна на полициски службеници од СВР Велес.

Како што информираат од МВР, тој пред угостителски објект во Велес физички го нападнал триесет и три годишниот М.Б од Скопје, кој работел како редар пред објектот и потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.