Велешанец се заканувал на својот татко, друг физички ја нападнал својата невенчана сопруга
Објавено на 9 јануари, 2024 во 11:36
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 14:20 часот го лишеле од слобода триесет и едно годишниот Е.Ф од велешко село. Тој физички ја нападнал една година повозрасната своја невенчана сопруга.
Ноќеска, еден час и четириесет минути по полноќ, полициски службеници го лишеле од слобода триесет и две годишниот Р.Д од Велес. Во семејната куќа тој му се заканувал на својот 61 годишен татко.
Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, соопшти дека двајцата велешани се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк