Велешанец украл пари од вработена во Центар за јавно здравје

Објавено на 25 јануари, 2023 во 09:59
Фото: Дума.мк

Триесет годишниот М.З од Велес, вчера, 24 јануари, во 14:45 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес.

-Тој се сомничи дека околу 10.00 часот во една од просториите во зградата на Јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје“ на ул.„Лазо Осмаков“ во Велес одзел пари од чанта на една вработена, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Велешанецот М.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License