Велешанецот М.З претходно украл пари и од вработена во Здравствен дом Велес (видео)

Откако утринава Дума.мк го објави случајот за парична кражба од вработена во Центарот за јавно здравје, до редакцијата, пристигна порака и од ограбена медицинска сестра во Здравствен дом Велес. Таа е вработена во приватна ординација. Грабежот во кој таа е оштетена се случил во понеделникот, 23 јануари, во текот на работниот дел од денот. Тогаш биле украдени пари, од личниот паричник на медицинската сестра.
Од Сектор за внатрешни работи Велес го потврдија случајот и соопштија дека триесет годишниот М.З. ги ограбил и вработената во Хигиенски и медицинската сестра во Здравен дом Велес. Тој е приведен во полициска станица каде го признал грабежот во Здравствен дом.
„М.З. бил приведен во полициска станица и во службен разговор признал дека на 23 јануари во просторија на приватна здравствена установа во ЈЗУ Здравствен дом Велес одзел паричник и пари од една вработена“,соопштија од СВР Велес.
Полицијата најави дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева
