Велешанка физички ги нападнала свекрвата, сопругот, малолетниот син и полицаец

Објавено на 23 ноември, 2022 во 14:54

Четириесетгодишната велешанка В.3, по кратка расправија физички ја нападнала својата свекрва, сопругот и нејзиниот малолетен син.

Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека при интервенија на полициските службеници, велешанката физички нападнала и еден од нив.

Случајот бил пријавен вчера во 19:35 часот, во Полициска станица Велес по што полициски службеници ја лишеле од слобода.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.