Велешанка и затвореник осомничени се за подигање кредити и кеш со лични податоци на жена од Штип

Против 46 годишна Велешанка и 34 годишен затвореник од Струга, Сектор за внатрешни работи Штип, поднесе пријава за измама и злоупотреба на лични податоци, откако со лажни документи подигнале повеќе кредити и пари од банкомати на туѓо име.
Осуденикот П.С. кој е на издржување казна во Затворот „Идризово“, заедно со Т.К. од Велес, во текот на април и мај, година, довеле во заблуда жена од Штип и неовластено ги прибавиле нејзините лични податоци. Потоа двајцата со туѓите лични податоци, аплицирале за седум потрошувачки кредити во различни финансиски друштва, во вкупен износ од 227.500 денари. Потоа, велешанката како второпријавена неовластено ги обезбедила, а подоцна и употребила податоците од банкарската картичка на лицето и извршила 11 успешни трансакции на банкомати на банки во Велес и Штип во износ од 214.000 денари.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против лицата П.С. и Т.К. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, пишува во билтенот на МВР.
Оттаму додаваат дека истрагата е во тек.
Убавка Јаневска


