Велешанка истепана од својот сопруг, потоа добивала закани на мобилен телефон
Објавено на 22 март, 2023 во 13:01

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека дваесет и осум годишна жена од велешко село, вчера, во 13:30 часот пријавила дека пред една недела, по кратка расправија со нејзиниот сопруг Џ.А била физички нападната. Откако го напуштила домот и заминала кај своите родители добивалапораки на мобилен телефон со заканувачка содржина.
Од СВР Велес додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
Дума.мк
