Велешанка му нанела убодна рана на вонбрачен сопруг, осомничена е за „обид за убиство при семејно насилство“
Објавено: 7 јули, 2026, во 12:20 часот
Триесет годишната велешанка Т.Д е жената која што е лишена од слобода и против неа Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“ кое што го извршила врз вонбрачен сопруг.
-На 06.07.2026 година, во 19:00 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица. Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик, соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска


