Велешанка паднала од мопед, со тешки повреди препратена во Скопје

Објавено на 5 септември, 2023 во 12:28

Шеесет и три годишната С.Т од Велес, управувајќи мопед на улица „Алексо Демниевски“, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во незгодата велешанката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес.

-Донесена е пациентката во велешка болница и по направените прегледи констатирана и е тешка повреда на главата по што е препратена на лекување во Скопје, соопшти др Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на Општа болница Велес.

Сообраќајната незгода во Сектор за внатрешни работи Велес била пријавела на 4 септември околу 16:00 часот и увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.