Велешанка завршила во полиција за тепачка со поранешниот сопруг
Објавено: 20 јануари, 2026, во 12:57 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес ја лишиле од слобода 36-годишна велешанка вчера, во 11:50 часот.
„Полициските службеници постапуваа по претходна пријава против Велешанка која што пред нејзинот дом физички го нападнала нејзниот 46-годишен поранешен сопруг. Таа е приведена во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


