Велешки „Димко Митрев“ е една од македонските еколошки компании
Повеќе нема да се загадуваат водите на река Вардар со отпад што е создаден од обезмастување на кожите и содржи растворувач прехлоретилен. Оваа технологија ја користи велешката фабрика за кожа и крзнени производи „Димко Митрев“ при вршење на работата. Во фунцкција од денеска е ставена пречистителната станица со нова технологија којашто целосно го намалува загадувањето преку отпадните води.
На денешното свечено пуштање во употреба на втората фаза од работата на пречистителната станица посебно беа горди извршниот директор Атанас Киров како и Свен Биоркман, сопственик на „Шепард“ од Шведска и мнозински акционер во велешката фабрика. Шведската компанија и велешката Крзнара инвестираат освен во усовршување на производниот процес и во проекти за заштита на животната средина.
-Менаџерите на оваа реномирана велешка копманија се посебно горд што во 75 години од постоењето на компанијата може да се запише еден историски момент со ваков голем проект. Првата фаза од пречистетителната станица чинеше 320.000 евра додека втората фаза 1.570.000 евра, додаде директорот Киров.
-За „Димко Митрев“ овој проект е голем чекор, но и за „Шепард“ исто така. За нас три работи се многу важни, поточно одговорноста што ја имаме за нашите производи, за животната средина и одржливоста. Според овие три чекори можеме да ја креираме нашата иднина, да креираме нови проозиводи, да бидеме конкурентни во светот. Без оваа пречистителна станица ние не би можеле да продолжиме напред, додаде Свен Биоркман.
Со пречистителната станица раководи Јована Секуловски инжинер технолог. Таа потенцираше дека во станицата ќе работи минимум еден човек, во сите три смени. Поточно, оваа пречистителна станица ќе работи секој ден или 365 дена во годината.
-На крајот од целиот процес се врши дезинфекција на водата којашто ќе може да се користи одново и на тој начин фабриката ќе заштеди голема количина на вода а воедно нема да се загадува и реката Вардар, додаде Секуловски.
На свеченоста што во компанијата беше организира со цел пуштање во работа на втората фаза на станицата присуствуваа Градоначалникот Марко Колев, бројни соработници како и претставници на бизнис заедницата.
Стефани Манева
Видео со изјави од денешниот настан во велешка Крзнара: