Велешки Театар вечерва пред сплитска публика ќе ја одигра претставата „Синиот портокал“

Објавено: 17 ноември, 2025, во 08:42 часот

Претставата „Синиот портокал“ на велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва со почеток во 18:30 часот ќе ја гледа публика во градот Сплит, во Р. Хрватска. Актерите Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски и Благојчо Стојанов ќе ја одиграат претставата во Градски театар на  Прокуратив.  

Гостувањето на “Синиот портокал“ дел е од програмата на манифестацијата „15 Македонска културна есен во Сплит“ организирана од Заедницата на Македонците во Хрватска и од Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит.

Александар Ивановски е режисер на претставата која е една од најдолго прикажуваните на Репертоар на велешки Театар и работена е на текст на Џон Пенхол, од Велика Британија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.