Велешките пожарникари повикани на помош од ТППЕ Свети Николе при гаснење пожар

Објавено: 24 јуни, 2026, во 10:26 часот

По барање на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, велешките пожарникари излегле на терен и далеподдршка во справувањето со пожар што избувнал во светиниколскиот регион.

-На интервенцијата беше испратено едно противпожарно возило со тројца пожарникари-спасители од ТППЕ Велес. По пристигнувањето, тие веднаш се вклучија во акцијата за гаснење, во тесна координација со локалните екипи од Свети Николе, соопштија од ТППЕ Велес.

Благодарение на заедничката и навремена интервенција, пожарот бил успешно локализиран и целосно изгаснат, со што било спречено негово натамошно ширење и потенцијална поголема материјална штета.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.