Велешките пожарникари спасители примиле четири дојави и гаснели три пожари во еден ден

Објавено на 15 јуни, 2025 во 12:16
Фото: Архива на Дума.мк

Првата интервенција на Територијалната против пожарна единица била на Градската депонија по дојава примена вчера претпладне, во 11:33 часот, по што веднаш на лице место се упатиле двајца пожарникари со едно противпожарно  возило. По пристигнување на лице место пожарникарите гаснеле и внатре и надвор од депонијата бидејќи пожарот веќе се проширил на површина околу 2 декари. Со брза интервенција пожарот е изгаснат.

И покрај тоа што во 14:50 часот била примена втора дојава за пожар под гробиштата во Раштани и кон локацијата се упатиле четворица пожарникари со едно противоожарно  возило тие биле вратени назад затоа што по пат стигнала дојава дека пожарот е изгаснат од лицето кое што го пријавило.

Во 17:57 часот во Територијалната Против Пожарна Единица Велес стигнала дојава за пожар на штала во Иванковци. Таму пожарот го гаснеле пет пожарникари со две противпожарни возила. Гаснењето на пожарот траело час и половина затоа што огнот  бил локализиран во 19:30 чaсот.

Последната дојава во Пожарна е евидентирана во 18:23 часот се однесува на запалена куќа на улица „Коле Цветков“ бр.107. На лице место, седумте пожарникари со три против пожарни  возила затекнале состојба на пожар во развиена фаза што горел во помошна просторија поточно во шупа. Тоа што им создало проблеми на пожарникарите на оваа локација биле непристапноста на теренот поточно немање пат до објектот што горел лице место.

– Благодарение на пожртвуваноста на нашите колеги не е дозволено пожарот да се прошири на околните куќи. Огнот беше локализран во 21: 00 часот, соопштија од ТППЕ Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.