Велешките средношколци го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Триесет ученици од велешките средни училишта, денеска, во медијатеката на велешката библиотека „Гоце Делчев“ беа дел од едукативна работилница по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Професорката по македонски јазик Магдалена Сарагиновска на присутните ученици на почетокот на настанот преку презентација им ги повтори најзначајните моменти за нашиот мајчин македонски јазик, а средношколците се приклучуваа во дискусијата и одговораа на поставени прашања.
Поделени во три групи, учениците имаа и краток квиз на коишто одговараа на 10 значајни прашања за македонскиот јазик по што првото место го доби третата група.
Едукативната работилница беше организирана од страна на Младински центар Велес во соработка со Europe House Велес и поддршка од градската библиотека „Гоце Делчев“.
Секој учесник на настанот доби благодарница за нивното учество и допридонес во настанот.
Стефани Манева