Верски празник – Отсекување на главата на Свети Јован Крстител со строг пост

Објавено: 11 септември, 2025, во 09:06 часот

Со посета на двата духовни храма во Велес, првиот во дворот на компанијата „Димко Митрев“ и вториот во новиот дел на градот, верниците денеска ќе го одбележат верскиот празник Отсекување на главата на Свети Јован Крстител.

Култот кон св. Јован отсекогаш бил еден од најраширените во православната Црква. Тоа го сведочат и многуте храмови посветени на него, како и многуте реликвијари што ги содржат неговите чесни мошти, распространети ширум светот. Најпосетувани места се оние каде св. Претеча е роден, местото каде што тој ја извршувал својата служба и местото каде што била отсечена неговата света глава.

Споменот за св. Јован Крстител интензивно се празнувал уште од почетокот на IV век. 

На празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител Црквата пропишува строг пост, односно воздржување од месо, млечни производи и риба, за според зборовите на Типикот, „да не бидеме и ние соучесници во Иродовото чревоугодие“. Постот на овој празник е востановен веројатно истовремено со празникот и дека тој е „завештание од древните свети отци“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.