Ветераните на ЗГ„Велешки акцијаши“ го пошумуваат Вршник и слават 45 години од МРА„Боголила 79“ (видео и фото)
Се пошумува последниот крак на ридот „Вршник“ со 1.000 садници јасен и 700 садници багрем. Садниците ги садат ветераните на ЗГ„Велешки акцијаши“ заедно со активисти на Црвена младина и подмладокот на ова акцијашко здружение на ветерани инаку ученици на ООУ„Блаже Конески“ и акцијашите ветерани на ЗГ „Акцијаши ветерани Скопје“. Акцијата е посветена на јубилејот 45 години од одржувањето на Младинската работна акција „Богомила 79“ организирана од тогашната Општинска организација на сојуз на социјалистичка младина на Титов Велес.
Претседателот на ЗГ„Велешки акцијаши“, Делчо Костов во разговор со Сашо Јовановски соопштува информации за трасата и реализацијата на денешната акција како и за плановите за работа во 2025 година.
Врвен приоритет на ветераните на ЗГ„Велешки акцијаши“ вгодина ќе биде реализацијата на акции за пошумување на голините на ридот „Свети Илија“ до Спомен Костурница во Велес. Станува збор за голема површина, којашто би се засадувала со дрвја, во фази и по претходно утврдени парцели од страна на ветераните и Општина Велес.
Акцијашите ветерани веруваат дека пошумувањето на сега овој гол рид ќе биде предизвик и за сограѓаните, велешани, бидејќи подигнатиот шумски појас освен што ќе го прочистува загадениот воздух во градот ќе влијае и врз намалувањето на пеколните температури во текот на летните горештини.
Убавка Јаневска