(Видео и фото) Нов пожар попладнево во светиниколско, штотуку изгаснат

Објавено на 7 август, 2023 во 21:07

Доцна попладнево во близина на Свети Николе повторно изби пожар на отворено. Огнот се прошири помеѓу село Кадрифаково и бензинската пумпа „Мики Петрол“ , во правец на ветерниците спроти фабрика и на ридови со висока трева како и нискостеблеста шума.

„Во гаснењето на пожарот беа ангажирани пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со подршка од пожарникари на ТППЕ Велес како и едно од најдобрите доброволни противпожарни друштва во Р.С. Македонија, друштвото од Свети Николе, како и екипа на ЈП Национални Шуми,“ рече директорот на Републички Центар за управување со кризи.

Пожарот е изгаснат околу 21:00 часот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.