(Видео и фото) Ангел Петрушев по четври пат прогласен за „Спортист на годината“ на Општина Велес

Објавено: 27 декември, 2025, во 12:35 часот

Репрезентативецот на Македонија во сениорска категорија, државниот првак, победникот на ИКАС, на „ICF ranking“ Скопје, на Европски куп у23 во солкан, на Европски куп у23 во Валтања – Италија , Ангел Петрушев кој е кајакар на ККК „Вардар“ – Велес е спортист на Велес за 2025 година.

По четврти пат сите пехари и највисокото општинско спортско признание заврши во рацете на Петрушев и тоа поради годинешните постигнати резултати и тоа освоеното 25 место на полуфиналето на Европско првенство во Париз и пасирањето на 20 место на Светско првенство у23 фоих во Франција како и за 14 освоено место на полуфиналето на ЕП у23 во Солкан, Словенија. Од неодамна Петрушев е олимписки стипендист на Македонски Олимписки Комитет за олимписките игри Лос Ангелес 2028 год.

Петрушев е прогласен за спортист на годината на традиционалната спортска манифестација организирана од Сојуз на спортови Велес и финансиски поддржана од Општина Велес.

Годинава, второто место на манифестацијата Спортист на 2025 година му припадна на велосипедистот Тефик Салахи од  МВК ВЕЛЕС додека трет е одбојкарот Сашко Ивковиќ на  ГОК „БОРЕЦ“.

Во категоријата Сениори четвртото место му припадна на кошаркарот АЛЕКСАНДАР ШТЕРЈОВ на КК „БОРЕЦ БАСКЕТ“, петото на ИЛХАН ИМЕРОВ на ФК „БОРЕЦ“, шеста е стрелачката ЕЛИ ПАНОВА од Стрелачки клуб „ВЕЛЕС“, седмото место му припадна на кајакарот Стефан Рибарски од ККК „Вардар  Велес“, на осмото се пласираше велосипедистот Мемет  Мемеди на МВК „Велес“, на деветто кајакарот Александар Златаров на ККК „Арка Борец“ и десетта е одбојкарката  Мартина Борова на ГОК „Борец“.

На манифестацијата „Спортист на Велес за 2025“ година во категоријата Млад спортист за најдобари беа прогласени Константин Коцев на „БЏЏ Клуб Будо“, Стефани Димкова од Стрелачки клуб „Велес“,  одбојкарот Драган Ставрев на ГОК „Борец“ Велес, каратистката Паула Игеска на Клуб „Гладијатор“,  кајакарот Благој Гугинов“ на ККК „Арка Борец“,  одбојкарката Михаела Димитриева на ГОК „Борец“ , борачот Фесал Муареми на „Боречки Клуб Борец“,  кошаркарот Христијан Андов на КК „Борец Баскет“,  кајакарката Марија Пановска на  ККК „Гемиџии 903“, каратистот Маттео Ѓоргиев,  фудбалерот Марко Јанковски на ФК „Борец“ Велес и кајакарот Кристијан Смилев на КК„Бабуна“.

На годинешната манифестација “Избор на спортист на Велес 2025“ за Млади спортски надежи признанија добија Ангела Перчинкова на Боречки клуб „Борец“, Јана Митровска од Карате клуб „Будо“, Тодор Гиновски од  ГОК „Борец“, Михаела Андреева од ОК „Виола Волеј“, Бојана Нацева од Кајак Клуб „Бабуна“,  Левче Картинов од Боречки клуб „Борец“ , Дамјан Петров од МВК „Велес“, Марија Прпева од Тениски клуб „Борец“,  Димитар Љутков од КК „Борец баскет“,  Матеј Стојанов од ППК „Борец тим“, Тодор Сутинов од Карате клуб „Гладијатор“ и Филип Кимов од КК „Борец баскет“.

Во категоријата „Најдобра сениорска екипа“ титулата за 2025 година ја понесе ГОК „Борец“ , на второ место е ККК „Вардар Велес“ и на трето ККК „Арка Борец“. Тренер на сениорска екипа за 2025 година е Петре Жабев којшто е и тренер на ГОК „Борец“.

Во категоријата „Најдобар младински клуб“ наградата заврши кајак Клуб „Бабуна“, на второто место е велосипедскиот МВК „Велес“ и на трето место одбојкарскиот ГОК “Борец“.  Младински тренер на 2025 година е Сашко Ристов, тренер на КК „Борец Баскет“.

За „Најдобра спортска манифестација за 2025 година“ е прогласено одржувањето во Велес на Европски куп во спуст на дива вода на ККК „Арка-Борец“ додека „Спортски игри Велес – Деметели Инвест груп“ за „Најмасовна спортска манифестација за 2025 година“.

Пеце Стојановски, сопственик на пекара „Палма-центар“ доби Посебно признание за помагател на велешкиот спорт.

Добитничка на Посебно признание за промоција на спортот е поранешната фудбалерка и репрезентативка на Македонија, Радица Дукова која сега е врвна спортска фоторепортерка. Во нејзино службено отсуство признанието го прими таткото Тони Дуков.

На манифестацијата „Избор на спортист на Велес за 2025 година“  посебно признание за достигнување во спортот им е доделено и на ветераните одбојкари на ОК „Борец ветерани“.

За „Најдобар судија за 2025“ признанијата ги понесоа судиите Бошко Навец во Кајак слалом и Орданче Амбарков во одбојка.

За развој на Училишен спорт во Општина Велес признанија им беа доделени на ООУ„Панко Брашнаров“ и ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ додека за спортски педагог во основно образование на професор Петре Жабев и во средно образование на професор Ангелче Гушев.

Организаторот на манифестацијата Сојуз на спортови на Велес ги собра ловориките за одлична организација од претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски како и од Влатко Неделковски – декан на Факултет за физичка култура, спорт и здравје.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.