(Видео и фото) Вечерва започнува 21-ви ИФФ „Велес 2026“ – ќе играат, танцуваат и пејат домашни и фолклористи од три светски континенти

Објавено: 1 јули, 2026, во 10:35 часот

Домашни фолклористи поточно ансамбли, културно уметнички друштва, оркестри и пејачки групи како и гости од странство се учесници на 21 Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2026“.  Освен од Велес и од Македонија учесници се ансамбли од Мексико, Србија, Албанија, Полска, Австралија, Италија, Костарика и Бугарија. Фестивалот започнува со традиционалното Дефиле кое вечерва од 19:30 до 20:30 часот ќе помине низ улиците на Велес поточно ќе тргне од Средношколски интернат „Лазар Лазаревски“ за да пристигне во Амфитеатар на Младински парк. Таму е планирано да се одржи свеченото отворање на фестивалот.

Како секоја година, ИФФ „Велес“ ја има поддршката на Општина Велес рече на вчерашната прес конференција, градоначалникот Марко Колев и додаде:

Томе Јаневски од име на Организацискиот одбор на ИФФ„Велес 2026“ ја претстави годинешната програмата со настапи на 10 странски ансамбли од 8 земји кои се наоѓаат на три континенти во светот заедно со фолклористите од Македонија.

Градоначалникот Колев и Организациониот одбор ги поканија велешани на четири незаборавни фолклорни вечери во Амфитеатар на Младински парк. Доколку временските услови поточно врнежите од дожд не дозволат фествалот да се одржува на отворено тогаш ќе се користи спортската сала на ООУ „Блаже Конески“.

Годинава ИФФ „Велес 2026“ година ја има финансиската поддршка на Општина Велес која изнесува еден милион денари и на Министерство за култура и туризам во висина од 456 илјади денари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.