(Видео и фото) Зимска служба на Општина Чашка: Прооден е патот кон Горно и Долно Јаболчиште, граѓаните помош да бараат на дежурниот телефон

Зимската служба на општина Чашка и ЈПКД Тополка го исчистија од снежни наноси, фрлија сол и ризла на патниот правец населба Чашка – Долно Јаболчиште. Патот е прооден, соопшти Пепи Павловски, задолжено лице од општината за одржување на проодноста на патиштата во Чашка.
„Снег започна да паѓа од вчера вечер, околу 20 часот. Активно работевме на расчистување како на наноси по патот така и на чистење од снег на улиците во Горно и во Долно Јаболчиште. Снежната покривка според слободна проценка достигна висина до 30 см во Горно и 20 см во Долно Јаболчиште. Под снег со далеку повисока снежна покривка е и Солунска Глава. Ја следиме состојбата и во Азот, поточно богомилскиот реон и доколку е потребно ќе интервенираме. Со чистење на наносите, фрлање на ризла и сол завршивме попладнево. Меѓутоа снег паѓа но со помал интензитет во споредба со вчера вечер, во текот на изминатата ноќ и утрово,“ додаде Павловски.

Зимската служба на ЈПКД Тополка продолжуваат со обиколки на терен со цел да се обезбеди непречен сообраќај во повисоките населени места на општина Чашка. Од Општина Чашка ги информираат граѓаните дека е задолжително употребa на зимска опрема на возилата како и за потребата од брзо, итно реагирање и помош, да зазвонат на задолженото лице на тел.број: 075 331 340.
Убавка Јаневска
