(Видео и фото)Нојков: Пред 32 години македонскиот народ кажа „да“ за самостојна, независна и суверена Македонија

Објавено на 7 септември, 2023 во 15:07

„Патот на Македонија секогаш бил трнлив и токму референдумот во 1991 година на македонскиот народ му даде знак светлина за подобро утре,“ рече Коста Нојков заменик градоначалник на Општина Велес на почетокот на своето обраќање на свеченоста по повод националниот празник „8 Септември“.

Пред присутните званици и гости, на општинското одбележување на празникот, Слободан Ников говореше за историските факти на развојот на Македонија од желбата се до остварување на вековниот идеал на македонскиот народ за самостојна и суверена држава.

Свеченоста, во дворот на Општина Велес, започна со изведбите на македонската и химната на општината и заврши со перформанс на Драмско поетско студио „Премиера“.  

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.