(Видео) Проф д-р Субиото: „Зборовите на Рацин еманираат топла надеж и благослов за сите нас“

Објавено на 15 јуни, 2025 во 14:17

Вечерта на свеченото затворање на 62 Рацинови средби во Велес започна со врачување на наградата „Почесно Рациново признание“, коешто се доделува за ширење на македонската литература и култура во странство, на годинешната добитничка проф. д-р Намита Субиото од Република Словенија.

Вонредната професорка по македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија која исто така 21 година  ја води Катедрата за македонски јазик и книжевност на Одделот за славистика дојде во Велес и присуствуваше на одржувањето на 62 културна манифестација посветена на поетот кому му посвети голем дел од својата научно истражувачка работа.  По врачувањето на наградата од страна на градоначалникот Марко Колев, Проф. д-р Намита Субиото, прво што рече е дека е почестена со добивањето престижната награда со името на еден од најголемите поттикнувачи на нејзината љубов кон македонскиот збор. Добитничката додаде:

Вечерта во која што традиционално се одржува програмската целина Поетски митинг годинава се одржа во Амфитеатар на Младински парк Велес. Годинава 15 поети од Македонија и странство читаа поезија на четири светски јазици. Актерот Васил Зафирчев ги најави поетите по што следеа нивните настапи и читање поезија.

Присутните граѓани, исто така, имаа можност да го проследат, визулено и гласовно, творештвото, значењето и величината на Кочо Солев Рацин.

Годинава, 62 Рацинови средби завршија со концертот на Васил Хаџиманов бенд. Српскиот џез музичар, син на познатиот македонски музичар и пејач Зафир Хаџиманов и српската пејачка Сенка Велетаниќ како и внук на познатиот македонски етномузиколог и педагог Васил Хаџиманов заедно со неговиот бенд изведоа едночасовен музички концерт. На нивниот репертоа беше и џез верзијата на народната македонска песна „Марика мома убава“.

Убавка Јаневска  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.