(Видео) Стојанова Богоевска: Размена на ученици, на знаење, натпревари и промоција на искуства со Политехничка школа од Пожаревац

Учениците на ССОУ „Коле Неделковски“од почетокот на второто полугодие на учебната 2023/24 година ќе ја започнат меѓународната соработка со своите врсници од Политехничка школа во Пожаревац, Србија. Меморандумот за соработка помеѓу двете средни училишта е потпишан минатата недела. Тој ќе им овозможи на учениците од двете средни училишта заедно да учествуваат на натпревари, да се запознаваат со културно историските настани на Велес и на Пожаревац како и да развиваат другарство и пријателство. Директорката на велешкото средно училиште со колегите беа гости во Пожаревац.
Први соработката помеѓу двете средни училишта, ќе ја започнат учениците од сообраќајна и електротехничка струка. Потоа ним ќе им се придружат и ученици од останатите струки на двете училишта.
Целта на меѓународната соработка е да има гостувања во двата градови, да се разменуваат најдобрите практики од образовниот процес во двете држави, да се промовираат и поттикнуваат талентираните ученици како и да се споделуваат стекнати знаења од образовниот процес на Македонија и на Србија.
Талентираните и успешни ученици се очекува да придонесат со нови иницијативи за по голема и по успешна реализација на меѓународната соработка преку проекти за промоција на двете училиштата во Европа и низ светот.
Ова е трета меѓународна соработка на ССОУ„Коле Неделковски“ од Велес.
Убавка Јаневска
