Викенд населбата „Брушани“ на Тиквешко Езеро ќе добие вода од Лукар (видео)
Објавено на 30 ноември, 2021 во 21:33

Започна да се реализира проектот за водоснабдување на село Брушани, Брушански Залив и целокупната викенд населба. Ќе се реализираат околу 600 нови приклучоци на водоводниот систем Лукар. Проектот чини 700 илјади евра, а ќе се реализира во три фази.
„После 20 години за прв пат општината реализира ваков поголем проект за водоснабдување надвор од градот. Моја лична тенденција е сите викенд населби да добијат водоснадување и канализациона мрежа“ рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Тој најави дека од почетокот на следната недела почнува реконструкција на патот од Дреново до регионалниот пат во должина од околу 4 км. И овој проект е дел од ТАФ програмата.
Ангел Данов
