Внимателно со банкнотите од 2.000 денари, пуштени во промет се фалсификувани

Објавено на 22 септември, 2021 во 11:13

Пред десет дена откриени се неколку фалсификувани банкноти во прометот во два града во државата.  Меѓу нив не е Велес ниту градовите од Вардарски регион но тоа не значи дека не можат да се појават и во нив. За оваа зголемена концентрација на фалсификуваните банкноти знаат банките и известена е НБРСМ. Тие веќе работат со подигнато ниво на заштита во прометот со пари.

Банките во Велес ги имаат овие информации и постапуваат по интерните процедури како и по упатствата на НБРСМ.  Меѓу другото ги информираат граѓаните и фирмите дека доколку се најдат во ситуација да се посомневаат во оригиналноста на банкнотата што  ја примиле можат да ја пријават во експозитурите во градовите. Банкарската администрација прави записник и ги повлекува фалсификуваните банкноти.

Сепак, потребна е поголема внимателност и на граѓаните и на фирмите. Според банкарите фалсификуваните банкноти се со лош квалитет на хартија и лош печат. Овие две карактеристики се значајни при споредбата што секој може да ја направи. Особено е важно да се внимава додека се пазари како на градскиот пазар така и во продавниците. И од страна на купувачите и од страна на продавачите.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.