Во близина на село Богомила две лица физички нападнале жена и ѝ го земале возилото

Објавено на 16 јули, 2024 во 14:24

Четириесет и девет годишната В.В од Сојузна Република Германија, со привремен престој во велешко, вчера, на регионалниот пат Велес – Нежилово, пред нејзината викенд куќа која се наоѓала во близина на село Богомила, во општина Чашка, била физички нападната од две лица кои и го одзеле нејзиното возило „опел астра“ со германски национални ознаки како и чантата со пари, лични документи и предмети.

Таа случајот во Сектор за внатрешни работи Велес го пријавила околу 22:15 часот по што бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.