Во недела и понеделник традиционална летна крводарителска акција во Велес
Сите хумани граѓани коишто сакаат да даруваат крв и да спасат нечиј човечки живот, истото може да го направат на традиционалната летна крводарителска акција којашто ќе се одржи на 21 и 22 август, поточно, во недела и понеделник во велешкиот Ликовен салон.
-Крводарителските акции ќе започнат во 08:00 часот и ќе траат до 14:30 часот во просториите на Ликовен салон во Велес. Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да дадат придонес за јавното здравје на населението да учествуваат на акцијата. Крводарителството е врвен чин на хуманост. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот, пишува во соопштението на велешки Црвен Крст.
Исто така, во организација на Црвен крст Велес утре, 20 август, ќе биде одржана крводарителска акција во Општина Чашка. Оваа акција ќе се спроведе по повод денот на општината во училишната сала на ООУ „Тодор Јанев“ со почеток во 09:00 часот и ќе трае до 13:00 часот. Покрај велешки Црвен крст во организацијата на оваа крводарителска акција учество ќе земат Институт за трансфузиона медицина помогнати од Општина Чашка.
Стефани Манева