Во Неготино маж физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга и кај две лица е пронајдена марихуана
Објавено на 7 јули, 2022 во 14:18
Четириесет и три годишниот Ј.А од Неготино, вчера, во 22:25 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Полициска станица Неготино бидејќи околу 18:00 часот физички ја нападнал неговата вонбрачна жена.
Исто така, полициски службеници од Полициска станица Неготино, четири часа по полноќ, на Градски плоштад во Неготино ги лишеле од слобода осумнаесет годишниот Р.С и три години повозрасниот И.С, двајцата од Неготино. Кај нив и во нивна близина била пронајдена марихуана.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Стефани Манева