Во несреќа на работно место загина дваесет и две годишен маж од кавадаречко

Објавено на 21 јули, 2021 во 18:17

Во несреќа при работа додека со камион преминувал преку река загина работник кој возел камион во близина на пруга  во Неготинско. Работникот имал 22 години и бил од кавадаречко село. Веста ја потврдија од Здравствен дом Неготино.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски соопшти дека несреќата се случила на сепарација во неготинско село и дека полицијата постапила по пријава од граѓанин. На местото на несреќата увид врши полициска екипа.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.