Во Велес и Кавадарци спроведена превентивна активност „Полицијата и граѓаните заедно“
Превентивна активност под мотото „Полицијата и граѓаните заедно“, денеска, била спроведена во Велес и Кавадарци. Од страна на полициски службеници, на Градски пазар во Велес биле поделени летоци со едукативна содржина и препораки за превенција од кражби.
– Исто така, превентивна акција беше спроведена и од полициски службеници од Полициска станица Кавадарци со цел заштита и превенција од кражби, а беа поделени и летоци со едукативна содржина, пишува во соопштението на МВР.
Оваа активност била спроведена од отсекот за превенција и полициска станица од општа надлежност при Сектор за внатрешни работи Велес.
Инаку, денеска, Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ на граничниот премин „Меџитлија“ спровеле превентивна акција „Вози одморен“. Бидејќи заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни незгодин, особено во летната сезона кога многу почесто се патува, на сите возачи им биле поделени летоци со едукативна содржина.
Стефани Манева