Во велешка болница се лекуваат 29 ковид пациенти, се затвора ковид одделението на Физикална
Поради намалување на бројот на хоспитализирани ковид пациенти во ЈЗУ Општа болница Велес се затвора ковид одделението на Физикална и сите пациенти се префрлени на Инфективно одделение. Во моментов 29 пациенти се на болничко лекување од кои 17 се потврдени позитивни на коронавирусот, тројца пациенти се сомнителни и девет пациенти се со негативен тест.
-На Инфективно одделение се лекуваат 11 пациенти, на Интерно Б одделение шест и на Физикална ковид одделението 12 пациенти коишто ќе бидат преместени на Инфективно одделение, таму во моментов има 39 слободни болнички кревети, соопшти портпаролката на велешка болнца д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Кислородна поддршка се 15 пациенти.
Во изминатите 24 часа на на болничко лекување примени се двајца пациенти и тројца пациенти се испишани како оздравени.
Стефани Манева