Во велешката болница се лекуваат 43 ковид пациенти

Објавено на 2 ноември, 2021 во 12:05

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 43 ковид пациенти од кои 29 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и единаесет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-Примени се шест нови пациенти од кои пет се лекуваат на Инфективно одделение и еден пациент во Модуларна болница, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.

На кислородна поддршка се 26 ковид пациенти.

Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 26 ковид пациенти, на Интерно одделение шест пациенти и единаесет пациенти во Модуларна болница.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.