Волонтери на велешки Црвен Крст делеа вода и пропаганден материјал за заштита од топлотниот бран (фото)

Објавено на 13 јули, 2023 во 17:40

Волонтерите на велешки Црвен крст денеска реализираа активности за заштита од топлотниот бран со портокалова фаза. Членовите на Клубот на млади, на граѓаните на Велес им делеа флаширана вода и флаери со препораки за заштита од топлотен бран, правилна исхрана и заштита од шумски пожари.

Исто така, волонтерите ги потсетуваа граѓаните на Велес за мерките кои се важечки во период од 11: 00 часот до 17: 00 часот поточно да избегнуваат напорни физички активности на сонце, постојано да пијат течности, да избегнуваат мрсна  и калорична храна како и да носат светла, лесна облека, заштитни очила и капа.

Мобилниот тим составен од тројца волонтери, со едно возило, патролираше по главните градски сообраќајници.

Дума.мк

Фото галерија:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.