Волонтерите на Црвен крст Велес, на дружба со лицата со попреченост од дневниот центар
Десет волонтери од клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес, денеска, беа дел од работилница на којашто заедно со лицата од Дневниот центар со попречености саделе свежо цвеќе.
-Како дел од активностите предвидени со проектот „Социјализација на лица и млади со посебни потреби“, финасиски поддржан од Комерцијална банка се одржа работилница на која учество зедоа членовите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст и лицата од Дневниот центар со попреченост. Тие заеднички садеа свежо цвеќе кое го донираше Јавното комунално претпријатие „Дервен“, пишува во соопштението на Црвен Крст Велес.
Оттаму додаваат дека преку оваа работилница се развиваат социјалните вештини кај оваа категорија на граѓани, а воедно се подигнува степенот на дружење со волонтерите од Црвен крст.
Исто така, за време на работилницата биле изработувани и креативни содржини со мотиви од годишното време пролет.
Стефани Манева