Волонтерите на кавадаречки Црвен крст ја одбележаа Неделата на млади и мотивираа нови волонтери

Објавено: 9 октомври, 2025, во 10:12 часот

„Биди промената што сакаш да ја видиш“, гласи мотото за одбележување на Неделата на млади којашто годинава Црвен крст Кавадарци ја реализираше со  бројни активности кои што имаа за цел подигнување на свеста за значењето на волонтерството и привлекување нови волонтери кои ќе придонесат за подобар живот за сите.

Неделата на млади традиционално се одбележува во првата седмица од месец октомври. Годинава, одбележувањето беше насочено кон активности за зајакнување, вмрежување и регрутирање на нови волонтери во клубовите на млади и во училишните клубови. Волонтерите од клубот на млади на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци одржаа работилници во нивните училишта на кои присуствуваа соученици со цел да ги воведт во основните активности на Црвениот крст од самото основање, па до денес и преку нивни лични искуства, да им ги прикажат сите нивни досегашни активности. Така дел од учениците веќе станаа членови на семејството на волонтери.  

За безрезервната поддршка што ја даваат на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци, хуманитарната организација, упати голема благодарност до сите млади волонтери, до нивните родители и до директорите и наставниот кадар во училиштата од каде што добиваат нови млади волонтери. Токму тие подготвуваат и реализираат бројни проекти  од хуманитарен карактер со најразлични активности како и организираат акции за собирање на финансиски средства наменети за помош на лица во социјален ризик.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.